Воспоставување на Локално координативно тело за спроведување на законот за бесплатна правна помош во Битола

Два дена по воспоставувањето на Националното координативно тело (НКТ) за спроведување на законот за бесплатна правна помош во Скопје, во Битола за прв пат беше воспоставено Локално координативно тело за спроведување на законот за бесплатна правна помош со поддршка на проектот за ‚‚Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонијаʻʻ.

Локалното координативно тело претставува неформален форум за споделување на информации, за комуникација и координација меѓу засегнатите страни на теми поврзани со спроведувањето на законот за бесплатна правна помош во локалната заедница ( на пример, промовирање на законот, пристап до информации потребни за обработување на барањата за бесплатна правна помош, упатување на лица кои имаат потреба од правна помош, конкретни правни потреби што ја засегаат локалната заедница, итн.).

Ова ново тело ќе функционира преку редовни состаноци како и преку директна комуникација, групи на електронски адреси и други форми на комуникација. Телото ќе биде составено од претставници од засегнати институции и организации кои се директно вклучени во процесот и надлежни за администрирање на системот на правна помош или пак даватели на правна помош, како и други институции и организации кои се помалку релевантни за спроведувањето на законот.

Состанокот се одржа во Младинскиот културен центар – граѓанска организација овластена за давање на бесплатна правна помош.

Европската унија и Советот на Европа го поддржаа воспоставувањето на ова Локално координативно тело и ќе продолжат да го поддржуваат преку организирање на неколку состаноци на ова тело во рамките на проектот. На тој начин, ќе се зголемат капацитетите на ова тело да стане самоодржливо во иднина, по завршувањето на овој заеднички проект на ЕУ и на Советот на Европа. Исто така, ќе се поддржува и охрабрува воспоставување на локални координативни тела и во други општини во Северна Македонија.

Проектот за ‚‚Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија,ʻʻ е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција IIʻʻ , заеднички проект на ЕУ/Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.

Извор: Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје