Подрачните одделенија на Министерството за правда во Северна Македонија продолжуваат да ги зајакнуваат своите капацитети за давање на подобра бесплатна правна помош за граѓаните
Втората каскадна обука за бесплатна правна помош за вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда се одржа во Охрид, Северна Македонија. Со поддршка на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II и во тесна соработка со Министерството за правда (МП) на Северна Македонија, беа зајакнати капацитетите за на 22 вработени во подрачните одделенија (ПО) за ефективно давање на примарна и секундарна правна помош. Тие имаа и можност да ги зајакнат своите познавања и вештини потребни за ефективно и соодветно однесување во ситуации кога работат со ранливи лица кои бараат бесплатна правна помош, особено со жртви на семејно и родово-базирано насилство.
Обуката ја држеа колеги и колешки од подрачните одделенија на МП, коишто претходно беа обучени во рамките на програмата Хоризонтален инструмент II да бидат обучувачи од областа на БПП за потребите на Министерството за правда, што претставува долгорочна инвестиција во одржливоста во однос на континуираната обука за вработените во ПО.
Важноста на подрачните одделенија за целокупниот систем на бесплатна правна помош во Северна Македонија, како двигатели на промените кон подобро спроведување на Законот за бесплатна правна помош и заштита на правата на граѓаните, беше нагласена во воведното обраќање на Г-дин Аркин Јахији, државен советник во Министерството за правда. Тој, исто така, изрази благодарност до Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје за одличната соработка.
На самиот настан, учесниците добија информативни материјали коишто ќе ги користат во нивната секојдневна работа со барателите на БПП и дискутираа за поголема вклученост во кампањата за промовирање и за подигање на свеста за бесплатната правна помош во Северна Македонија.
Овој настан за градење на капацитетите на подрачните одделенија на Министерството за правда се одржа во рамките на проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.