Право на примарна правна помош имаат сите физички лица кои имаат живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Северна Македонија.
Информирање и советување за условите, постапката и субјектите каде може да користи бесплатната правна помош.
Општи и начелни упатства и информации за начинот, условите и постапката за остварување на определено право или интерес, исполнување на конкретна обврска и упатување на надлежен јавен орган или надлежен суд.
Совет за начинот и можностите за решавање на правното прашање, за законската регулатива, можноста за вонсудско решавање, за правилата и трошоците на постапката, за извршувањето на одлуките на постапката, запознавање со правата и обврските на барателите и корисниците на бесплатна правна помош како и со начинот на давање на правна помош во судски и управни постапки.
Помош при пополнувањето на барањето и останатите потребни изјави.
Помош при пополнување на различни формулари издадени од управен орган во управна постапка за социјална заштита и заштита на правата на децата; пензиско, инвалидско и здравствено осигурување; заштита на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство; постапка за упис во матична книга на родени; стекнување со документи за лична идентификација и државјанство.
Составување на претставки до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител и барања за заштита на слободи и права до Уставниот суд.
Напомена: Помошта која вклучува пополнување на формулари, обрасци како и составување на претставки може да се добие само кај овластените здруженија и правните клиники.