Зајакнување на комуникацијата и координацијата за бесплатна правна помош меѓу локалните засегнати страни во Штип
Вториот состанок на Локалното координативно тело за спроведување на Законот за бесплатна правна помош (БПП) се одржа во Штип со клучните претставници од главните локални тела коишто работат во областа на бесплатната правна помош, вклучувајќи ги подрачните одделенија на Министерството за правда, овластената граѓанска организација – ЕХО Штип, овластена правна клиника, како и локални адвокати, претставници од Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјална работа, Претседателот на Основниот суд и други локални здруженија.
Една од целите на состанокот беше да се идентификуваат и дискутираат предизвиците со спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош во услови на КОВИД-19 и како да се подобри координацијата и комуникацијата меѓу засегнатите страни кога се работи на отстранување на тие предизвици на локално ниво.
На самиот настан беше претставен и Протоколот за упатување, како една важна алатка за ефективен систем на упатување во насока на подобрување на пристапот до правдата.
За време на дискусиите, особен фокус беше посветен на кампањата за подигање на свеста за БПП и на конкретните активности за допирање до најранливите групи, вклучувајќи клучни промотивни и информативни активности и новата веб-страница. Учесниците, исто така ги споделија и своите позитивни искуства со информирање на локалните заедници за правото на БПП.
Координативните тела ќе продолжат со нивната работа и нивната посветеност за постигнување на подобра координација и кумуникација меѓу главните чинители за бесплатна правна помош и во иднина.
Процесот на зајакнување на ефикасноста и на пристапот до услугите за бесплатна правна помош за граѓаните на Северна Македонија е поддржан од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.