Децата во ризик и децата за кои постојат основи на сомневање дека сториле кривично дело имаат кога се повикани во Центар за социјални работи или во Министерството за внатрешни работи имаат право на адвокат кој ќе ги застапува нивните интереси.
Доколку родителите или старателите не се во состојба да ги платат трошоците за адвокатот Центарот за социјални работи односно Министерството за внатрешни работи определуваат адвокат по службена должност.
Трошоците за адвокатот паѓаат на товар на Буџетот на Република Македонија и се исплатуваат согласно со одредбите од Законот за бесплатна правна помош.
Се смета дека родителите/или/от, односно старателите/или/от не се во состојба да ги платат трошоците за адвокат ако остварува вкупни месечни приходи помали од просечната нето месечна плата за што треба да достави потврда издадена од надлежен орган. Ако родителите/или/от, односно старателите/или/от не достават таква потврда ќе се смета дека се во состојба да ги платат трошоците на адвокатот.