Национално координативно тело

Националното координативно тело за примена на Законот за бесплатна правна помош (НКТ) е формирано во февруари 2020 како форум за споделување информации, комуникација и координација помеѓу засегнатите страни на теми од значење за примената на Законот за бесплатна правна помош и олеснување на пристапот до правда на национално ниво.

Цели и функции на НКТ се:

    • Подобрување на квалитетот и пристапноста на бесплатната правна помош до потенцијалните корисници
    • Подобрување на комуникацијата помеѓу засегнатите страни вклучувајќи споделување информации, координација за индивидуални случаи како и навремено доставување на податоци потребни за постапување по барањата за секундарна правна помош;
    • Зајакнување на меѓусебното разбирање помеѓу сите засегнатите страни во однос на нивните надлежности, функции, експертиза како и проблеми кои се поврзани со спроведувањето на ЗБПП;
    • Идентификување на проблеми и предизвици во процесот на спроведување на ЗБПП;

Идентификување на средства и стратегии за зголемување на промоцијата на ЗБПП до граѓаните и активно вклучување во промотивни активности.

НКТ е составено од 28 членови од кои 12 членови се во потесната група, додека 16 членови влегуваат во пошироката група.

Потесната група ја сочинуваат претставници на засегнати страни кои непосредно се засегнати од примената на ЗБПП како администратори на системот на бесплатна правна помош или како даватели на бесплатна правна помош.

Пошироката група на НКТ ја сочинуваат претставници на државни органи, институции и организации кои ја засегаат или се засегнати од примената на ЗБПП, или на друг начин се вклучени во олеснувањето на пристапот до правда за граѓаните.

НКТ работи на состаноци. Состаноците на НКТ се одржуваат најмалку еднаш на секои три месеци (квартално), а по потреба и почесто.