
Усвоено Упатство за креирање на протокол за упатувања и адресар на организации и институции
Властите во Северна Македонија се посветени на работење заедно на создавање на еден ефективен систем на упатување што ќе придонесе кон подобрување на пристапот до правдата. Ова беше нагласено на третиот состанок на Националното координативно тело за спроведување на Законот за бесплатна правна помош (НКТ) што се одржа на 8 јули 2020 година како онлајн состанок. Вкупно 34 учесници од клучните институции во системот на бесплатната правна помош, како Министерството за правда и неговите подрачни одделенија (ПО), Адвокатската комора, граѓански организации (ГО) и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош, како и......