Зајакнување на капацитетите за бесплатна правна помош на подрачните одделенија и канцеларии на Министерството за правда во Северна Македонија

  • во подрачните одделенија и канцеларии на Министерството за правда во Струмица учествуваат на тридневна обука на обучувачи (ОО) за законот за бесплатна правна помош. Со поддршка на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II, и во тесна соработка со Министерството за правда на Северна Македонија, 16 вработени на подрачните одделенија и канцеларии (ПОК) се обучуваат за соодветни знаења и алатки за да бидат идни обучувачи за прашања поврзани со бесплатна правна помош. Обуката ќе ги зајакне нивните вештини и нивната експертиза во работењето со баратели на правна помош а, исто така, ќе ја зајакне интерната група на обучувачи на Министерството за правда, креирана во првата фаза од проектот, препознавајќи ја суштинската улога што вработените во ПОК ја имаат во системот за бесплатна правна помош.

Важноста на идните обучувачи за Министерството за правда и за целиот систем за правна помош во Северна Македонија, како двигатели на промените кон подобро спроведување на законот за бесплатна правна помош и заштитата на правата на граѓаните, беше нагласена во воведното обраќање на г-дин Аркин Јахији, државен советник во Министерството за правда.

За време на обуката, учесниците имаа можност да ги подобрат нивните вештини за презентирање и за комуникација, преку практични вежби и држење на обуки пред нивните колеги и колешки, на теми кои се однесуваат на бесплатната правна помош, користејќи разни техники и симулации.

Г-а Мариа Маринова Алкалај е водечкиот меѓународен консултант кој ја одржа обуката, со поддршка на локалните консултанти, г-а Маја Атанасова и г-дин Гоце Коцевски, кои беа одговорни за правните аспекти на обуката.

Во следниот период се очекува новите обучувачи да одржат обуки за градење на капацитетите за давање услуги за бесплатна правна помош на останатите вработени во подрачните одделенија и канцеларии на Министерството за правда.

Активноста ја организира проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.