Во Северна Македонија објавени дванаесет брошури на разни теми поврзани со Бесплатната правна помош

Кои се моите права како вработен? Што да направам ако сум жртва на семејно насилство? Што да направам кога ќе ме отпуштат од работа? Како да си го остварам правото на инвалидска пензија? Што треба да направам за да добијам Извод од матичната книга на родените за моето дете? Дали имам право на правна помош?

Ова се само некои од често поставуваните правни прашања одговорени во дванаесетте брошури на разни теми поврзани со бесплатната правна помош, коишто беа изготвени и објавени во Северна Македонија за да им се помогне на правните професионалци и на граѓаните на Северна Македонија подобро да ги разберат нивните права и слободи во однос на бесплатната правна помош. Брошурите ќе им бидат од секојдневна корист и од максимална помош на давателите на правна помош во вршењето на нивната работа и во давањето најдобри можни совети. Изготвени се во разбирлив формат, овозможувајќи им на граѓаните самите лесно да најдат информации и одговори на нивните најчесто поставувани правни прашања. Брошурите ги опфаќаат долунаведените 12 теми:

 Попреченост (македонски и на албански)

 Вработување и заштита на работното место (македонски и на албански)

 Семејно насилство (македонски и на албански)

 Брак и развод, услуги од институциите (македонски и на албански)

 Семејство и деца (македонски и на албански)

 Услуги, бенефиции и наплати (македонски и на албански)

 Водич за Бесплатна правна помош (македонски и на албански)

 Имотно-правни прашања (македонски и на албански)

 Престанок на работен однос и паричен надоместок (македонски и на албански)

 Заштита на потрошувачи и долгови (македонски и на албански)

 Дискриминација (македонски и на албански)

 Права од социјална заштита (македонски и на албански)

Брошурите се напишани на јасен и едноставен јазик, лесни за читање за секого и достапни, како во печатени примероци, така и онлајн, на македонски и на албански јазик. Брошурите ќе бидат нашироко дистрибуирани со цел да се допре до најранливите групи и до помалите локални заедници.

Брошурите се изготвени во рамките на кампањата за подигање на свеста за БПП, поддржана од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.