Националното координативно тело за Бесплатна правна помош дискутираше за поддршка на жртви на семејно насилство

Петтиот состанок на Националното координативно тело за спроведување на Законот за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија се состана онлајн за да дискутира за важни прашања во врска со поефикасно спроведување на Законот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.

Вкупно 36 учесници од клучните институции во областа на бесплатната правна помош, како што се Министерството за правда и неговите подрачни одделенија, Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Адвокатската комора, граѓански организации и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош, имаа можност да разменат гледишта и мислења во врска со работењето на главните предизвици поврзани со системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија, како на пример, поддршка на жртви на семејно насилство, за пристапот до и за свеста за БПП, итн.

На состанокот, проектниот тим ги презентираше клучните предвидени интервенции во областа на БПП, нагласувајќи ја важноста на континуираната координација и комуникација меѓу главните засегнати страни во системот на БПП преку функционирањето на Националното координативно тело. Особен фокус беше даден на иницијативите за подигање на свеста за користење на БПП и на конкретните активности за допирање до најранливите групи, како што се жртвите на семејно насилство и нивниот пристап до услугите за правна помош. Учесниците споделија искуства и предизвици од нивната секојдневна работа со случаи поврзани со жртви на семејно насилство, нагласувајќи ја потребата од подобра координација и комуникација меѓу релевантните институции во оваа област.

Состанокот продолжи со презентација од консултантите на Совет на Европа кои споделија неколку најдобри европски практики и стандарди на Советот на Европа во однос на поефикасна примена на бесплатната правна помош за ранливите групи.

Со цел да се резимира и да се дадат клучни информации за различна публика а во врска со активности за БПП во Северна Македонија, беше подготвена нацрт-верзија на Билтенот за бесплатна правна помош која потоа беше споделена со учесниците и претставуваше многу корисна и информативна алатка за новините поврзани со системот за БПП во Северна Македонија.

Националното координативно тело (НКТ) за спроведување на Законот за Бесплатна правна помош ќе продолжи со работата и со посветеноста кон постигнување на подобра координација и комуникација меѓу главните чинители во системот за бесплатна правна помош во иднина.

Состанокот го организираше проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.