Националното и локалното координативно тело за бесплатна правна помош во Северна Македонија дискутираа со клучните актери и засегнати страни за клучните предизвици поврзани со имплементацијата на правната рамка

Триесет и шест претставници од клучни институции во областа на бесплатната правна помош, како на пример, Министерството за правда и неговите подрачни одделенија (ПО), Адвокатската комора, граѓански здруженија и правните клиники овластени за давање на бесплатна правна помош, имаа можност да разменат гледишта и мислења околу работењето на клучните предизвици во однос на системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија. Меѓу темите што се дискутираа беа и предизвиците со примената на правната рамка, а во врска со ослободувањето на корисникот од “други трошоци поврзани со судските постапки” во пракса, и за правната основа и практичните прашања поврзани со поднесување на приговори преку подрачните одделенија наместо директно до Министерството за правда со цел да се забрза процедурата.
Освен овој состанок, на 4 ноември се одржа и вториот состанок на Локалното координативно тело за бесплатна правна помош (ЛКТ) во Битола, со клучни претставници од клучните институции во Битола кои работат во областа на бесплатна правна помош, како на пример, подрачните одделенија на Министерството за правда, овластени граѓански здруженија и правни клиники, како и локални адвокати.
Една од задачите на овој состанок беше да се идентификуваат и да се дискутира за предизвиците со спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош во услови на КОВИД-19 и да се подобри координацијата и комуникацијата со засегнатите страни кога работат на решавањето на тие предизвици на локално ниво.
На состанокот беше претставен и Протоколот за упатување којшто е важен за воспоставување на ефективен систем на упатување што придонесува кон подобрување на пристапот кон правдата.
За време на дискусиите, особен фокус се даде на кампањата за подигање на свеста за БПП и конкретните преземени чекори за допирање до најранливите групи, вклучувајќи клучни промотивни и информативни активности, како и новата Веб-страница за БПП. Учесниците ги споделија и нивните позитивни искуства со информирање на локалните заедници за правото на БПП.
Националното координативно тело и Локалното координативно тело ќе продолжат со нивната работа и со посветеноста на постигнување подобра координација и комуникација меѓу главните чинители во системот за бесплатна правна помош во иднина.
Процесот на зајакнување на ефективноста и пристапот до услугите за бесплатна правна помош за граѓаните на Северна Македонија, е поддржан од проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”.
Препорачани објави

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ: Во Северна Македонија одбележан Европскиот ден на правдата 2022г.: Услугите за бесплатна правна помош го подобруваат пристапот на граѓаните до правдата
25/10/2022