ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на финансиска поддршка за давање на примарна правна помош од страна на овластени здруженија и правни клиники

Врз основа на чл.11 од Законот за бесплатна правна помош („Службен Весник на РСМ“ бр.101/19 од 22.05.2019 година) и Правилникот за начинот на распишување и спроведување на јавниот конкурс за доделување на финансиски средства за давање на примарна правна помош на овластените здруженија и правните клиники даватели на примарна правна помош, проверката на поднесените документи, начинот на бодување при оценување на пријавите и вршењето на контрола на трошењето на средствата („Службен Весник на РСМ“ бр. 199/19 од 30.09.2019 година) комисијата при Министерството за правда објавува

ЈАВЕН КОНКУРС

за доделување на финансиска поддршка за давање на примарна правна помош од страна на овластени здруженија и правни клиники

Финансиските средства предвидени за поддршка при давање на примарна правна помош од страна на овластени Здруженија и правни клиники во вкупен износ од 1.000.000,00 денари се предвидени во Буџетот на Министерство за правда за 2022 година, од сметката 463 – Трансфери до невладини организации.

Целта на Јавниот конкурс е обезбедување на еднаков пристап до правдата на сите граѓани преку давање на примарна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош.

  1. Вид на проекти што ќе бидат поддржани и вкупно предвидени/достапни средства:

Средствата од Буџетот на Министерство за правда во вкупен износ од 1.000.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на проектни активности на здруженијата и правни клиники, преку 5 грантови во износ од 150.000,00 до 200.000,00 денари, за проекти за следниот приоритет:

  • Приоритет 1 – Обезбедување пристап до примарна правна помош за маргинализирани групи на граѓани во руралните средини и општините во кои Министерството за правда не располага со подрачни одделенија, односно во подрачни одделенија каде нема овластено службено лице согласно Законот за бесплатна правна помош;
  • Временска рамка

Временскиот период во кој ќе се врши имплементацијата на одобрените проекти треба да биде во рок од 6 месеци, односно од 01.06.2022 година  до 31.12.2022 година.

  • Потребна документација која здруженијата и правни клиники треба да ја достават

Здруженијата и правните клиники кои учествуваат на јавниот конкурс треба да достават:

  1. Пополнета пријава на овластеното здружение односно правната клиника – Прилог бр. 1 – Преглог проект
  2. Пополнет Предлог-буџет во кој јасно се дефинирани буџетските линии и средствата потребни за имплементација на проектните активности – Прилог бр.2 – Предлог буџет
  3. Годишен извештај за работата на здружението/правната клиника за минатата година
  4. Портфолио за спроведени активности од бесплатна правна помош
  5. Кратка биографија на правникот кој е вработен, односно ангажиран да ја обезбедува примарната правна помош
  6. Изјава за партнерство (доколку се предвидени партнери)
  7. Изјава за непостоење на двојно финансирање на исти проектни активности предвидени на овој јавен конкурс

Напомена: 
Здруженијата и правните клиники не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по јавниот оглас. 

Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Доставените прилози не се враќаат.

  • Рок и начин на доставување на пријавите

Јавниот конкурс трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk, односно до 31.03.2022 година до 15:00 часот.

Пријавата со целокупната документација, во затворен плик со ознака „Пријава за јавен конкурс за доделување на финансиски средства за давање на примарна правна помош од страна на овластени здруженија и правни клиники“ да треба да се достави преку пошта на адреса:

Министерство за правда на Република Северна Македонија

Ул. „Димитрие Чуповски “ бр. 9, Скопје

Република Северна Македонија

1000 Скопје

или лично во Архивата на Министерство за правда, во работни денови од 8:00 до 15:00 часот.

  • Спроведување на постапката за оценување на пријавите

Комисијата формирана за спроведување на јавниот конкурс во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува и доставува мислење до министерот за правда во која е наведена ранг листата на сите прифатливи пријави по јавниот конкурс.

Министерот за правда по добивање на мислењето донесува решение за доделување на средствата согласно освоените бодови предвидени во јавниот конкурс.

Против решението на министерот дозволено е поведување на управен спор пред надлежен суд.

Во рок од 30 од денот на правосилноста на решението, министерот за правда склучува договор со здруженијата, односно правните клиники со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски.

  • Критериуми за оценка на пријавите

Критериумите за проценка на квалитетот на проектите при доделување на финансиски средства се:

Критериуми за оценкаМаксимум бодови
Општествената корист од предложениот проект за давање примарна правна помош преку јасни и остварливи цели;20
Проценка на усогласеноста на проектните цели, кои се состојат во олеснување на пристапот до правда, со приоритетите утврдени во јавниот конкурс, како и начинот на којшто обезбедената примарна правна помош ќе овозможи остварување на правата на оние за кои е наменета;20
Искуството во обезбедувањето на примарна правна помош на здружението, односно правната клиника, како и на лицата кои ќе ја обезбедуваат;20
Подрачјето на кое ќе се дава примарна правна помош, со цел рамномерна регионална достапност на правната помош;20
Оправданост и висина на предвидените трошоци за обезбедување на бесплатната правна помош;30
Јасно дефинираните цели, активности и целни групи.20
 120
  • Видови оправдани трошоци предвидени во проектот
  • Плата за вработен/ ангажиран правник во висина на просечна бруто плата во Република Северна Македонија или хонорар за ангажиран координатор/ ментор на правната клиника
  • Трошоци за закупнина и комуналии кои не смеат да бидат повеќе од 20% од вкупно предложениот проект буџет
  • Патни трошоци за посета или придружба на корисниците на бесплатна правна помош – примарна правна помош кои не смеат да изнесуваат повеќе од 20 % од вкупно предложениот проект буџет
  • Трошоци за канцелариски материјал
  • Административни трошоци потребни за имплементација на предложените проект активности

Одлуката за избор за распределба на средства од Буџетот на Министерство за правда за 2022 година наменети за финансирање на овластени здруженија и правни клиники  ќе биде објавена на веб страната на Министерство на правда.

Пропратни документи: 

Прилог бр.1 – Предлог проект

Прилог бр.2 – Предлог буџет